Мејведер на шопингот за Божиќ потрошил 13 милиони евра! (ФОТО)

floyd_dijamanti

Некој би помислил дека боксесрката пензија ќе го смири најбогатите спортист на денешницата. Но, Флојд Мејведер Јуниор во пензија тргна уште пожестоко – кога станува збор за трошењето на неговото огромно богатство.

Американските медиуми објавија дека светскиот боксерски шампион само во текот на божиќната пазарувачка треска потрошил меѓу 10 и 13 млиони евра. Да, добро прочитавте, но ќе повториме. Флојд Мејведер за неколку дена шопинг потроши 13 милиони!

Веројатно сега ќе се прашувате на што. Одговорот е едноставен: на она што најмногу го сака – дијамантите.

Највредниот подарок што си го приуштил на себе е прстен од розе злато со дијамант од 50 карати. Со тоа му бил потребен и ѓердан, па купил еден кој на себе имал 70 дијаманти – секој од нив имал три карати.

Погледнете некои предмети од неговото богатство.

Screenshot 2015-12-29 10.56.40

Screenshot 2015-12-29 10.56.53Screenshot 2015-12-29 10.57.04

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО