Мејведер „му фрли ракавица“ на Мек Грегор: Ајде да се бориме со ракавици од 8 унци!

По неколкуденевен медиумски молк, Флојд Мејведер одлучи преку социјалните мрежи повторно да фрли „отровна стрела“ спрема својот противник Конор Мек Грегор. Можеби е подобро да се каже фрли сериозна „ракавица в лице“ УФЦ шампионот.

Досега се веруваше дека Мејведер е во предност поради тоа што двоецот за мечот че користи ракавици од 10 унци. Има неколку причини. Освен претпоставката дека Мек Грегор е посилен удирач, па се до тоа дека шампионот на УФЦ е навикнат на користење на помали ракавици.

Но, Мејведер одлучи да ја докаже својата храброст и самодоверба и на Мек Грегор јавно му понудени пресметка во ракавици од 8 унци.

„Не верувајте се што ќе слушнете во медиумите. Не верувајте се што ќе прочитате на блогови. Тоа не доаѓа од мене и не е точно. Му нудам на Мек Грегор: „Ајде да се бориме во ракавици од 8 унци“. Мек Грегор може да се бори во ракавици од којабило марка. Нека изберет. Јас ќе ги користам ракавиците на Грант. Која и да му треба предност на Конор во рингот за да се чувствува подобро, јас ќе му ја пружам. Подготвен сум на отстапки. Да му дадеме на боксот, на боксерските и на ММА фановите она што сакаат да го видат“, напиша Мејведер на неговиот официјален Инстраграм профил.

Меѓутоа, се поставува прашањето дали неговата понуда воопшто е можна. Имено, според правилата на Спортската комисија на Невада, кој го регулира овој боксерски дуел, тежинската категорија која ја одбраа за овој меч бара борба во ракавици од 10 унци. Затоа многумина веруваат дека се работи за трик на Мејведер за повторно да го предизвика неговиот противник.

https://www.instagram.com/p/BXRKvU1gdsn/?taken-by=floydmayweather

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО