Белатор ја подготвува борбата на Сонен и Лидел

Се чини дека идниот голем проект на Белатор можеби би требало треба да го врати најомилените борец во модерната историја на ММА, Чак Лидел. Тој, според зборовите на  неговиот потенцијален противник, би требало да се бори против Каел Сонен.

Сонен во јуни конечно го направи она што требаше пред повеќе од три години, победувајќи го Вондерлеј Силва и сега е подготвен за идните занимливи предизвици. Каел е борец на Белатор кој служи за привлекување на приврзаници и борец без никави шампионски амбиции, па се очекува следниот противник да биде некое име кое ќе и биде интересно на фановите. А, ако е точно она што го кажува самиот Каел, Белатор може да го има она што го сака.

„Се ми се чини дека противник ќе ми биде Чак Лидел, таа опција ми се чини најверојатна. Ќе видиме што ќе се случи, но се ми се чини дека ќе дојде до таа борба. Мислам дека Белатор веќе стави некои важни работи „на нозе“ и оваа приказна и тоа како има смисла. Навистина го мислам тоа“, рече Сонен за медиумите.

За враќање на Чак се зборува веќе некое време, а вусшност Белатор треба да биде неговата дестинација. Тој рече дека враќањето е можно доколку финансиската понуда е на задоволително ниво, а Белатор на овој начин може да го одврзе ќесето. Сепак, Чак Лидел е еден од најобжуваните борци во историјата на ММА и борец кој навистина привлече голем број на фанови во ММА.

Неговото враќање сигурно добро ќе пројде кај старата ММА публика, но прашањето е што ќе добие Белатор во врска со новите фанови, кои секој ден се се повеќе. Ако сакаат да тргнат во битка за гледачите со УФЦ, мора да осмислат начин за промовирање на своите вистински ѕвезди, а не борци на кои најдобри денови одамна и поминаа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО