Мејведер ја исфрли свршеницата, му смета да тренира – била премногу скеси

Легендарниот американски боксер Флојд Мејведер ја исфрли свршеницата Ана Монро од вилата во Лас Вегас за да може подобро да подготви за борбата против Јутјуб сензацијата Логан Пол.

Ана Монро е 29-годишна стриптизета која работи во клубот што Мејведер го купи кога ја запозна, а за нивната врска се дозна пред неколку месеци, на прославата на 44 роденден на Флојд.

Таблоидите пишуваат дека Флојд сериозно ги сфатил враќањето од пензија и првиот професионален меч од 2017 година.

„Ана се врати во нејзиниот стан. За неа сето ова е стресно, но таа е свесна дека Мејведер е тој којшто ги носи одлуките во нивната врска. Малку е чудно што се пресели бидејќи вилата има 11 спални соби и можат да живеат во неа без да се видат“, вели извор близок до Ана за „Сан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО