Еден милион долари! Од сега па натаму ќе биде наградата за сите што ќе ги поразат Конор Мек Грегор и Ронда Русеј. Тоа е ветување на Флојд Мејведер. Пензионираниот непоразен шампион во бокс веќе ја додели првата награда на Нејт Дијаз, кој минатиот викенд ја запре победничката низа на ирскиот борец.
Познато реабота е дека Ирецот и Мејведер во неколку наврати направија мала вербална војна. Уште минатиот четврток Мек Грегор го предизвика пензиониран американски боксер на меч за една милијарда долари, но само два дена подоцна, тој загуби од Дијаз.
Ваквиот исход сосема очекувано го развесели познатиот боксер и по УФЦ 196 Дијаз му ја даде торбата со еден милион долари. „Пари“ одлучи да оди чекор понатаму и ја вети стата награда за секого што ќе ги победи Мек Грегор и Ронда Русеј.
„Смешно е како Ронда Русеј и Конор Мек Мрегор, двајца луѓе кои зборуваа срања, се целосно уништени во последните неколку настапи. Од сега па натаму, секој кој ги победи ќе го наградам со еден милион долари. Нив двајцата не ги поднесувам. Би ја наградил и Холи Холм да не изгубеше онака во последниот настап. Мек Грегор ќе мора да се фокусира на развивање на своите вештини, да се одлучи во која категорија мисли да се натпреварува, а не да се замара за борба против мене. Убеден сум дека му е доволно срамотење, па не сум сигурен дека е подготвен за рингот“, рече Мејведер.