Боксерскиот клуб Чаир на 28 мај го организира Меѓународниот боксерски турнир „Арена куп“ во Скопје.
Турнирот ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 14 часот, а влезот е слободен.
Минатата година „Арена куп“ прв пат се организираше, а боксираа кадети и јуниори.
Планот е „Арена куп“ да се регистрира и во календарот на ЕУБЦ и да биде ИБА трунир за младинци.