Медалистите на Игор ММА и ЏК Чурин на прием кај градоначалникот на Битола

curin-i-ucenicite-na-priem-kaj-gradonaclnikot

Освојувачите на медали на Игор ММА и  ЏК Чурин на Меѓународните турнири во самбо во Беране, Црна Гора, како дел од македонската репрезентација, џудо купот „Илијадис куп“ и Европското првенство во кураш во Грција, денска имаа прием кај градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Да посетиме дека Ристо-Димитров –Чурин и неговите ученици и клупски другари како најуспешен репрезентативец дел од македонската самбо репрезентација на Меморијалниот меѓународен турнир „Др. Савка Саботиќ“ во Беране, Црна Гора, кој воедно е и ЕП за Југоисточна Европа, освоија девет медали. Димитров освои три злата, Аки Петковски 2 злата и сребро и Никола Источки едно злато и две сребра.

На ЕП во кураш Димитров, Петковски и Дарко Лукач се закитија со бронзени медали.
Младите џудисти на ЏК Чурин од Битола освоија три бронзени медали на „Илијадис купот“ во Грција. Медалите ги освоија Петар Петров, Марин Тошевски и Дамјан Петкоски.

curin-dava-izjava

„Како клуб за мешани боречки вештини, мислам дека сме еден од најуспешните во Македонија. Викендов имавме еден голем настан во Грција. Тоа беше во „Илијадис купот“ во џудо и Eвропското во кураш. Иако некои од децата за првпат се натпреваруваа, мислам дека имавме голем успех, донесовме три медали“, изјави Ристо Димитров Чурин-претседател на клубот Игор ММА и Џудо клубот Чурин.
На градоначалникот на Општина Битола од овие успешни млади луѓе, во знак на благодарност за искажаното внимание и поддршката од Општината, на му беше врачена благодарница.
Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, на денешната прес-конференција нагласи дека повод за денешната средба е токму долгогодишниот сон на Чурино, кој е еден од ретките кој во шест различни спортови освоил повеќе медали.
Градоначалникот им честиташе на успесите.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО