Кличко веќе не го есапи Фјури

Klicko povredena arkada

Од штабот на Владимир Кличко ја отфрлија можноста за меч со Тајсон Фјури по последните скандали околу Британецот.

Менаџерот на Украинецот Бернд Бонте изјави дека таков дуел „веќе не е на дневен ред“, додавајќи дека веќе се почнати преговори за средба со светскиот шампион во верзијата ИБФ, Ентони Џошуа од Велика Британија.

Фјури го победи Кличко во ноември минатата година и ги освои шампионските појаси во верзиите ИБФ, ВБА и ВБО, но потоа на два пати го одложи договорениот реванш, како што велеше заради „медицински причини“.

Британецот вчера првично објави во социјалните мрежи дека се повлекува од боксот, но подоцна објави дека се пошегувал и има намера да се врати во рингот посилен од било кога.

Фјури следниот месец ќе мора да се појави на сослушување по обвинение за употреба на допинг.

Тој веќе беше лишен од титулата во верзијата ИБФ, бидејќи одби да се сретне со задолжителниот предизвикувач на федерацијата.

Бонте додаде дека очекува ВБО и ВБА да му ги одземат шампионските појаси, бидејќи Фјури не ги бранел во пропишаниот рок.

„Тие ќе го решат тоа во најскоро време, бидејќи титулите не се бранети речиси година“, рече менаџерот на Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО