Мечот на Усик со Спонг пред пропаст

Дебито во тешка категорија на украинскиот боксер Александар Усик се пропадна откако неговиот ривал Тајрон Спонг е фатен за употреба на допинг средства.

Дуелот меѓу Усик, кој е неприкосновен шампион во леснотешка категорија, и Спонг требаше да се одржи во Чикаго на 13 октомври, но засега отпаѓа. Менаџерот на Усик, Еди Херн вели дека има резервна варијанта, но чека дополнителни информации за случајот пред да ги објави своите планови.

„Допинг-примероците на Спонг се покажаа лоши. Сега се испраќаат до Атлетската комисија во Илиноис. Повеќе информации ќе бидат достапни подоцна. Исто така, имаме резервни ривали“, напиша Харн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО