Мек Грегор повторно притиска за меч со Хабиб во Москва

Конор Мек Грегор не е заинтересиран за ранг-листата на УФЦ и за неоспорните предизвикувачи. Поранешниот двократен шампион продолжува да притиска за итен реванш со Хабиб Нурмагомедов во Москва, иако е надвор од октагонот една година. Тие се бореа пред една година во Вегас, а непоразениот Дагестан го принуди да се предаде во четвртата рунда, а претходно во втората рунда го испрати во нокдаун.

„Орелот“ ја одбрани титулата минатиот месец со победа над Дастин Пориер, а Ирецот веднаш го прозва за борба во Русија. Пред неколку дена помина една година од нивната битка, а Мек Грегор реши повторно да го предизвика за Москва. „Озлогласениот“ на социјалните мрежи објави дел од мечот во кој Нурмагомедов го испрати во нокдаун и напиша „Москва“, покажувајќи дека е подготвен за втора битка со шампионот.

Неоспорниот шампион го отрезни пред неколку дена во интервју и го предупреди дека прво да се бори, а потоа да има претнзии за титулата. Неодамна, во едно интервју, таткото на Хабиб изјави дека се подготвени за реванш со Мек Грегор во Русија, но прво сакаат да се борат со Тони Фергусон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО