Боксерскиот меч меѓу Мајк Тајсон и јутјуберот Џејк Пол е означен како професионален, објавија властите на Тексас. Мечот, кој ќе се пренесува во живо на „Нетфликс“, ќе се одржи на 20 јули на стадионот во Арлингтон, кој има 80.000 седишта и е дом на НФЛ тимот Далас каубојс.
Тајсон ќе има 58 години кога ќе ги вкрсти ракавиците со 31 година помладиот Пол, што исто така ќе му биде прв меч од ноември 2020, кога ремизираше со Рој Џонс Џуниор. Според „ЕСПН“, ова ќе биде најголемата разлика во години помеѓу двајцата боксери во историјата на професионалниот бокс.
Бидејќи е професионален, мечот ќе влезе во статистиките на двајцата учесници: Тајсон зад себе има скор од 50 победи и шест порази, а Пол има 9-1. Место 12, мечот ќе има осум рунди.
Досега имаше доста шпекулации за правилата на борбата и дали таа ќе биде егзибициска. Ваквите дуели вообичаено немаат судии и можат да завршат само со нокаут, поради што има поголема можност да биде нерешено.