Мечот Кро Кап – Нелсон промовиран во резервна борба на Гранд при!

Влоговите во реваншот на Мирко Филиповиќ и Рој Нелсон само што пораснаа.

Кро Кап ако го победи Американецот и некој од натпреварувачите се повреди може да влезе во борбата за титулата во тешка категорија на Белатор.

Нивната борба е главна на Белатор 200 во Лондон на 25 мај. Со тоа, победникот ќе биде резерва на Гранд при.

„Победникот ќе биде прва замена на турнирот ако некој се повреди“, рече претседателот на Белатор, Скот Кокер.

Нелсон со победата би добил втора шанса евентуално да се вклучи во турнирот. Во февруари се бореше во четвртфиналето и загуби со мнозинска одлука на судиитеод Мет Митрионе.

43-годишниот Кро Кап во Белатор доаѓа со вкупно 8 победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО