Мечот Кличко-Џошуа е факт – 26 ноември во Манчестер!

entoni-dzosua-i-klicko

Единствениот меч кај тешките во светскиот бокс е на пат да го преземе целото внимание на љубителите на овој спорт ширум планетата. Светскиот шампион во верзија на ИБФ, Ентони Џошуа,  ќе се качи на рингот на 26 ноември во Манчестер против Владимир Кличко.

Откако пропадна реваншот меѓу Кличко и Тајсон Фјури, од тимот на Украинецот ја почнаа организација на мечот со Џошуа. Според информациите на менаџерот на Кличко, Бернд Бонте, изјавил дека двете страни веќе постигнале договор за финансиските параметри околу средбата, сега сето тоа зависи од боксерските организации.

„Промоторот на Ентони Џошуа и јас веќе се договоривме за финансиските прашања. Сега, уште малку работата зависи од боксерските организации, но ние сакаме овој меч да се одржи“, соопшти Бонте.

ТВ-партнерите на боксерите – Скај спортс во Велика Британија и РТЛ во Германија исто така покажале сериозен интерес за евентуалниот меч. Од екипата на Џошуа дури веќе ја резервирале салата „Манчестер арена“ за 26 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON