Статистиката опоменува пред Светското карате првенство во Линц

Petar Spasenovski go grize medalot premier 2016

На еден месец пред Светското првенство во карате за сениори во Линц, Австрија, од 25 до 30 октомври, по настапите на двата турнири од Карате 1 Премиер лигата во Истанбул и Хамбург стаистиката не влева многу оптимизам.

На двата турнира учетвувале 30 каратисти во борби – 6 во Хамбург-Германија и 24 во Истанбул-Турција, како и еден ката тим (жени) и пет натпреварувачи во поединечна конкуренција.

Македонските каратисти во борби извојувале 31 победа, а забележале 37 порази. Ката тимот (КК Ронин) имаше скор 1-1 во Истанбул,  а во поединчна конкуренција тој сооднос 7-6, победи спрема порази. Ќе нагласиме дека во Турција беше многу помала конкуренцијата од Хамбург во кати, каде што нашите каташи не учествуваа.

Вкупната бројка на освоени и изгубени поени е со негативен контекст за нашите каратисти. Така, тие освоиле 123 поени, а изгубиле 126. Тој сооднос е 11-18 во Хамбург и 112-108 во Истанбул.

Во клучните борби за медал скорот е 1-6, односно во директните борби за медал само една сме добиле и тоа Петар Спасеновски (КК Металург) за бронзен медал против Иранецот Ехсан Хајдари со 4-2 во Истанбул.

Шанси за медал имаа Мартин Несторовски (Металург), Симона Заборска (Макпетрол) и Петар Заборски (Макпетрол). По три последователни победи се: Спасеновски, Несторовски и Заборска. Нивниот учинок преку поените е: Несторовски 13-8 освоени-загубени и 3-2 победи-порази, Спасеновски 14-12 и 3-2, Заборска 9-6 и 3-2.

Од друга страна, ќе го забележиме и дебитантскиот настап на Моника Пендароска (Макпетрол) 2-2 победи-порази, но забележително е дека прави и губи поени, одонсо влегува во отворени борби 11-20. Додека младите Давид Петков и Горан Николовски од Металург, иако немаа забележителен пласман, имаа извнореден биланс на поени. Петков 13-3, а Николовски 8-0.

Носителот на златен и бронзен медал од Европските првенства, Емил Павлов (КК Штип), на настапот во Истанбул има 1 победа и 1 пораз и 6-6 во поени. Тој беше во Хамбург, но не настапи.

Единствениот носител на медал од светските првенства, Жарко Арсовски (КК Штип), медалот го освои како член на Макпетрол, кој настапи и на двата турнири има идентичен број на победи и порази 2-2, а 9-4 освоени-изгубени поени (2-1 и 9-2 во Хамбург и 0-1 и 0-2 во Истанбул). Сепак, мотивот на Арсовски беше помал, бидејќи имаше обездбедено место во репрезентацијата за СП.

И Енес Смаилагиќ и Ненад Келебиќ од Цветан Димов не блеснаа на давта турнира, кои исто така имаа обезбедно место во националниот тим. Самилагиќ има два порази на двата турнира и еден изгубен поен, со забелешка дека недостасува резултатот од Истанбул. Келебиќ има скор 0-2 и биланс на поени 1-2. Иво Цветковски (Металург) 2-2 и 6-9, Наташа Сетфановска (Макпетрол0 која ќе настапи на СП има еден пораз 0-1, а Петар Заборски (Макпетрол) во Истанбул имаше 2 победи и 2 порази и 7 освоени поени и 10 загубени, а 4 поени изгуби од славниот Рафаел Агаев. Тодор Ристески (Спорт 94) 1-1, а во поени билансот е 0-1.

Статистиката покажува дека треба посериозно да се пристапи во подготовките на национланиот тим пред Светското првенство, бидејќи Хамбург покажа колку се силни натпреватрувања во категориите. Секоја импровизација ќе не направи неконкурентни во борбата за медали. Затоа мора да се работи координирано во интерес на карате спортот.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО