Мечот Фјури-Кличко-2 се поблизу до 4 јуни

Fjuri go udira Klicko

Реваншот меѓу Тајсон Фјури и Владимир Кличко најверојатно ќе се одржи на 4 јуни. Барем тоа е датумот околу која се согласуваат двајцата топ боксери во тешка категорија.

Со најголеми шанси да го прифати мечот е „Манчестер арена“. Изградена пред околу 20 години, мултифункционален објект со капацитет од 21.000 гледачи за бокс.

Новиот светски шампион Фјури се надева дека ќе биде поддржан од многу свои сонародници во Англија. Сигурно, барем двојно повеќе фанови ќе го следат мечот во живо, за разлика од Германија, каде што Кличко е многу популарен. Се уште не е исклучено дуелот да се одржи во Обединети Арапски Емирати, но оваа опција е многу комплицирана поради телевизиските права.

Во ноември минатата година Фјури го шокираше светот откако го освлада Украинецот, кој не знаеше за пораз речиси 10 години. Британец, кој е висок 206 сантмитери е уверен дека уште полесно ќе победи во реваншот и така ќе го тргне39-годишниот Украинец од спортот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON