Кубрат Пулев спаси живот на едно момче, но состојбата се уште му е критична

Pulev pred diskoteka

Момче на 23 година е во кома и е во многу тешка состојба, по тепачката во дискотека „Плаза“ во Студентски град во Софија.

Жртвата се вика Кирил Евгениев Тодоров.

Околу 4 часот наутро во средата меѓу него и друг клиент во локалот започнала расправија. Обезбедувањето го фатил Кирил и го изнел надвор од дискотеката. Какво точно  било „изнесувањето“ никој не видел, но, надвор, момчето веќе бил во беспомошна состојба со огромен хематом на главата и без да дише.

„Кога дојдов во 4,10 часот Кирил лежеше ничкум пред дискотеката. Боксерот Кубрат Пулев, кој случајно бил таму, му укажа прва помош и му го извадил јазикот“, раскажа за OFFNews, Васил Радивоев, пријател на Кирил и управител на фирмата SilaBG во која тој работи.

„Дојде брза помош и го однесе во Окружната болница „Света Ана“. Денес од болницата ни рекоа дека Кирил е во кома, во многу тешка состојба со тешка мозочно-черепна  тарума и белодробна емболија.

Не сум видел што се случило во ходниците на дискотеката во овие минути, додека обезбедувањето го изведуваше Кирил. Еден од посетителите рече дека видел во раката на еден од телохранителите бокс, но оваа информација во моментот не е потврдена“, изјави Радивоев.

Според него, за случајот во Седмата областа е задржан 24 часа телохранител на име Атанас С’бев, а за време на распитот кај истражителот тезата на обезбедувачот била дека Кирил Тодоров сам паднал и се удрил.

СДВР (бугарското МВР) потврди дека постапило во 4 часот по дојава за маж во беспомошна состојба пред дискотека „Плаза“, кој е пренесен во „Света Ана“, но останаа без коментар дали има уапсен за случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО