Мбапе му го подари дресот од мечот со Барселона на Хабиб (ФОТО)

Хабиб Нурмагомедов се пофали со вреден подарок од Килијан Мбапе, кој одигра одлично и постигна три гола против Барселона. Во вторникот, Барса се соочи со Пари Сент Жермен во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

ПСЖ победи со резултат 4-1, а Хабиб беше на трибините во Шпанија на легендарниот стадион „Камп Ноу“. Нурмагомедов е близок со сопственикот на ПСЖ и е голем фан на Реал Мадрид, кои се ривали на Барселона.

„Орелот“ беше задоволен од резултатот и изјави дека постои двојна причина за радост. Првата е поразот на Барселона, а втората е добиениот дрес со автограм, со кој Мбапе постигна три гола.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО