Џон Џонс продолжува да работи за дебито кај тешкашите (ВИДЕО)

Живата легенда на ММА, Џон Џонс продолжува да тренира со полна брзина за тешка категорија. 33-годишниот Американец крева потешки тегови и за неколку месеци ќе го брка појасот во тешка категорија.

„Коски“ веќе неколку пати доби ветување од Дана Вајт дека ќе дебитира во борба за титулата во тешка категорија.

На крајот на март Стипе Миочиќ ќе ја брани титулата против Френсис Нгану, а оној кој ќе победи ќе се бори против Џонс.

Минатата година Џон се скара со УФЦ затоа што не му се допаѓаше платата што му ја даваа. Тој се раздели со титулата во полутешка категорија за да продолжи со големи борби во кои се вклучени големи пари.

Во последните неколку битки може да се види дека Џонс не е тој што беше во минатото. Најмладиот шампион во историјата на УФЦ, работи напорно, а многумина веќе го гледаат како шампион во тешка категорија. Погледнете како Џонс се подготвува за големиот предизвик:


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО