Маурициус пристигна за џиу џицу турнирот „Скопје опен 2017“ (ФОТО)
На овогодишниот Меѓународен џиу џицу турнир „Скопје опен 2017“ ќе има учесници и од егзотичниот Маурициус во Африка. Гостите од оваа земја денска пристигнаа во Скооје и имаа прием кај пртеседателот на Македонската џиу џицу федерација Александар Ацевски.
„Остваривме работна средба со претставниците од Маурициус цу џицу федерацијата.
Разговаравме за џу џицу спортот и за продлабочување на соработаката меѓу двете Федерации и покрај оддалеченоста“, изјави Ацевски по средбата.
Џонатан Чарлот е првак на Африка, а учествуваше и на Светските боречи игри во Вроцлав, Полска, ова лето.
Тој и неговите сорепрезентативци вечерва одржаа тренинг со нашите претставници на Скопје опен 2017.
Тој истакнува дека оваа репрезентација по турнирот во Скопје паузира три недели, а потоа заминува на Светското првенство во Богота, Колумбија







