Масвидал: Џо Бајден е најлошиот претседател во историјата

Хорхе Масвидал не е обожавател на американскиот претседател Џо Бајден. Милиони Американци не се задоволни од она што го прави нивниот лидер.

Тој се справи со Доналд Трамп откако зад него застанаа многу познати личности. Социјалните медиуми исто така беа со Бајден и го замолкнаа Трамп. Ова може само да покаже дека со светот не владеат оние што се во преден план, туку играчите од зад сцената ги влечат конците во сенка.

Бајден зборуваше за вакцинација против Ковид-19 кај децата под 12 години, а тоа не му се допадна на Масвидал. На социјалните мрежи Хорхе избувна против претседателот.

Не е тајна дека Гејмбред е голем фан на Доналд Трамп, па дури и му помогаше во кампањата.

„Не ги терај моите деца да земаат дрога само затоа што твоите земаат. Џо Бајден е најлошиот претседател во историјата. Тој не знае кој е најдобриот начин родителот да го заштити своето дете“, напиша „најлошото копиле“ во УФЦ за Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО