Масовна тепачка на ММА настан во Русија (ВИДЕО)

ММА настанот Conflict Fighting ММА влезе во хаос откако борец беше дисквалификуван од неговата борба. Се започна откако дисквалификуваниот ММА борец почна да ги фрла своите додатоци во толпата, вклучувајќи ги и ракавиците.

Се слуша како еден од соиграчите на противникот му се смее, што потоа предизвика кавга и масовна тепачка. По разменетите удари од двете страни, полицајците интервенирале и накратко ја прекинале борбата. Сепак, тоа не траело долго, бидејќи на другата страна на рингот изби нова тепачка.

Не е јасно дали Conflict Fighting ќе биде казнет за овие грди сцени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО