Џо Роган нема да го коментира УФЦ 271

Скандалите околу Џо Роган продолжуваат. Еден од најомилените луѓе и пионери во УФЦ нема да ja коментира гала вечерта предводена од Израел Адесања – Роберт Витакер.

Во последните денови, Роган беше остро критикуван за користење на зборот н*** p во неговиот популарен подкаст.

Сепак, многумина се залагаа за него, вклучувајќи го и самиот Адесања.

Изи го грабна микрофонот на официјалната прес-конференција на УФЦ 271 и ги обвини медиумите за насочена пропаганда против саканиот новинар. Според шампионот во средна категорија, тоа го прават поради неговата различна позиција за Ковид-19 и вакцините.

Џо Биспинг ќе го заземе местото на Џо.

Ова ќе биде негово деби како коментатор на платена гала вечер од серијата во САД. На настанот во Хјустон, поранешниот двократен шампион на УФЦ, Даниел Кормиер ќе биде другиот зад микрофонот.

Борците ќе ги најави легендарниот Брус Бафер.

Интервјуата во кафезот ќе ги води Џо Аник, а Меган Олив ќе биде зад сцената пред и по битките.

Аналитичар ќе биде популарниот борец Ентони Смит.

Галата се очекува со голем интерес поради главниот настан, но без Џо Роган дефинитивно ќе загуби дел од својот шарм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО