
Според медиумските извештаи, до немирите дошло веднаш по поразот на Кичар, кога дел од незадоволната публика влегла во рингот и започнала физичка пресметка во која учествувале десетици лица.
Ситуацијата дополнително ескалирала кога член од тимот на поразениот борец го нападнал грчкиот кикбоксер, што предизвикало општа тепачка и целосен прекин на настанот.
Во метежот бил повреден грчкиот натпреварувач, кој по инцидентот итно бил пренесен од Нови Пазар на понатамошно лекување во Белград.
Очевидци наведуваат дека во тепачката учествувале околу 50 лица, а обезбедувањето и полицијата имале потешкотии веднаш да ја стават ситуацијата под контрола поради недоволен број службеници.
По инцидентот, надлежните органи започнале постапка за утврдување на сите околности, додека спортската јавност остро ги осуди сцените што се случија на турнирот.
Од локалниот бокс клуб се оградија од организацијата на настанот и истакнаа дека ваквите случувања не го претставуваат спортскиот дух на градот.
Настанот предизвика силни реакции во регионот, со оценки дека станува збор за сериозен безбедносен пропуст и дека вакви инциденти не смеат да се повторуваат на спортски манифестации.
What was that all about 😳 pic.twitter.com/gQFlCSd5j9
— liam harrison (@LiamBadco) February 16, 2026



