Маскирана банда напднала германска ММА сала и со мачета тешко повреди борец (ФОТО)

mačeta

Салата на Абеку Афул во Хамбург беше безмилосно нападната пред неколку часа.

Повеќето од оние што тренирале веќе си заминале пред да се случи крвавиот инцидент во салата на MMA борецот Абеку Афул, но неколку други станале сведоци на крвавиот инцидент.

Најмалку пет маскирани мажи со палки, ножеви и мачети ја нападанале салата во која Афул тренирал за неговата средба во Бремен идната недела Тие го нападнале и му нанеле сериозни повреди, опасни по неговиот живот – од видео снимките може да се расчисти целата работа.

Сведоците го препознале сторителот по гласот – 34-годишниот ММА борец Исмаил Цетинкаја, кој исто така држи сала во Хамбург. Тој и уште двајца биле приведени во полицијата.

Мотивите се грди и благо речено одвратни.

Во соседството со црвените фенери често пати има проблеми со боксери, рокери и истакнати гладијатори од светот на мешаните боречки вештини, но овој пат не бил таков случајот.

Цетинкаја е прочуен во круговите како противник на радикализмот во целина, а исто така и за победата над Десо Дог, поранешен германски рапер, кој во моментов се бори во Сирија. И покрај сè, непријатниот инцидент нема ништо заедничко и со потиличкиот радикализам.

Според познавачи на локалните проблеми, причината за случката било соперништвото меѓу салите.

Афул бил ученик на Цетинкаја кој се одвоил за да направи свој успешен тим. Од друга страна, ученичка на Цетинкаја почнала да тренира кај Афул, а малку подоцна и двајцата почнале да добиваат закани по телефон.

Афул дури сакал дуел со својот поранешен тренер Цетинкаја. Се разбира, тоа нема веќе нема да се случи.

На Афул му била укажана итна медицинска помош и е подложен оперативен зафат поради повредените тетиви и артерии, а неговата состојба е вон животна опасност.

Од УФЦ упорно се обидуваа да го променат ставот на Германците кон мешаните боречки вештини на подобро, сега можеме само да се надеваме дека овој грозен инцидент нема да ги упропасти нивните напори.

Од местото на злосторството има две фотографии кои не се за сечии очи, а може да ги погледнете овде и оведе.

Исмаил Цетинкаја
Исмаил Цетинкаја

Abeku Aful

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON