АктуелноДруги вештиниЕвропски игри 2015 Баку
Машовиќ ќе се бори за бронзен медал на Европските игри!
Бајро Машовиќ (+100 кг) утринава беше поразен со 4-0 од домашниот самбо борач Васиф Сафарбајов на Европските игри во Баку. Сепак, поради тоа што Сафрабјаов се пласира во финалето откако го совлада Размик Тонојан од Украина со 2-0, Машовиќ во репасажот, токму со Тонојан, ќе се бори за бронзениот медал.
Сафарбајов во финалето ќе се сретне со Артем Осипенко од Русија.
Да потсетиме дека бронзени медали на Европските игри освоија каратистите Емил Павлов и Мартин Несторовски, а Машовиќ ја има шансата да го освои третиот медал за нашата земја во Баку.
ipon.mk/В.Д.




