Ројс Грејси по трети пат ќе се сретне со Кен Шемрок?!

royce-gracie

Рој Грејси и Кен Шемрок ќе бидат запаметени како еден од најпознатите заколнати непријатели од раните денови на УФЦ. Грејси за 57 секунди со клуч го совлада Шемрок за време на првата средба во УФЦ.

 Втората средба постави рекорд за најдолга битка во УФЦ – 36 минути. Но, ниту еден од двајцата борци не се предаде и не излезе како победник, бидејќи во тоа време немаше странични судии во УФЦ.

 Сега тие имаат шанса да ги расчистат сметките, а тоа може да се случи во Белатор. Ројс Грејси разбра дека Шемрок сака да се бори со него и не го одби.

„Тоа е добро. Кога си на врвот сите сакаат да се борат со тебе.

Моето тело се чувствува добро, немам повреди, здрав сум и сум на истата тежина како и пред 20 години“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО