Мартин Стојменов го пропушта Балканското за да се бори за медал на Европското првенство!

martin stojmnov

Мартин Стојменов е голема надеж на македонското карате, кој на Избониот турнир минатата недела си ја повреди раката, поради што неговиот настап во репрeзeнтацијата беше доведен во прашање.

martin i Jordanco

„На Мартин му беше изместена раката, но таа повреда е санирана и сега е на терапија. За да не ја обнови повредата тој нема да патува на Балканското првенство во Софија за кадети, јуниори и јуниори до 21 година овој викенд во Софија, Бугарија. Бидејќи му е сигурно местото во репрезентацијата, сите сили ќе бидат насочени кон Европското првенство во Швајцарија. Тој е подготвен и верувам дека ќе направи добар резултат. Мартин има квалитети“, вели неговиот тренер Јорданчо Стојменов во Партизан од Кочани.

Стојменов истакнува дека ја санирал повредата и дека сега е поминат на терапија, која е под надзор на докторот на репрезентацијата Ненад Петков, кој инсистира тој да не учествува на Баланското првенство за да не ја обнови повредата. Од интерес на сите е Стојменов да насатапи на ЕП во Швајцарија.

2014-10-18 15.22.28
д-р Ненад Петков

„Не ја изгубив формата, подготвен сум за да направам добар резултат на ЕП. Од годинава настапувам во конкуренција на јуниори до 21 година. Противниците ми се непознати, сепак, мислам дека сите тие се добри каратисти“, ни изјави Стојменов.

Тој жали што нема да биде во составот на репрезентацијата на БП, додека неговиот тренер е убеден дека тој ќе освоше медал на Балканското.

ipon.mk/В.Д.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО