Мартин Стојменов го оперираше рамото, мислите насочени кон Олимпијдата во Токио 2020

Додека неговите другари од репрезентацијата се натпреваруваат на Европското првенство з акдети, јуниори и јуниори до 21 година, Мартин Стојменов вчера го оперираше рамото кое го повреди, односно му се обнови старата повреда на Кроација опен пред еден месец.

Операцијата е направена во Гратската болница „8 Септември“ во Скопје од страна на доктор Ненад Петков кој е и репрезентативен лекар.

Стојменов истакнува дека операцијата е успешно направена благодарјеќи на д-р Петков и се надева на брзо закрепнување и враќање на татамито, нормално и борба за место во репрезентацијата за Олимписките игри во Токио 2020 година.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО