УФЦ подготвува голема борба во петел категорија за ММА гала вечерта во август. Поранешниот шампион Доминик Круз ќе ги одмери силите со ѕвездата во подем Марлон Вера. Тие ќе го предводат настанот УФЦ на ЕСПН 70 на 13-ти август. Локацијата се уште не е објавена.
Вера има скор 19-7-1 во ММА и е во серија од 3 последователни победи. На крајот на април оваа година Вера го победи Роб Фонт. На неговите последни 3 средби доби бонуси. Марлон заврши 15 од неговите средби, а неговите 7 порази се со одлуки. Вера загуби само една од последните 10 борби.
Круз пак има скор 24-3 во ММА и е во серија од 2 последователни победи. На крајот на 2021 година Доминик го победи Педро Муњоз. Тој победи на 8 натпревари со заврница, а двапати загуби. Доминик важи за еден од најголемите во оваа категорија.
View this post on Instagram