Фјодор Емелијаненко: Без Русија сте за никаде

ММА легендата Федор Емелијаненко ги сподели своите размислувања за отстранувањето на руските спортисти од аматерски меѓународни натпревари под покровителство на ИММАФ. Во последните месеци Русија и нејзините граѓани претрпеа строги санкции.

Не може да се негира дека спортистите се меѓу најпогодените од санкциите. Војната меѓу Русија и Украина ги погодува сите. Соединетите Американски Држави и Европа продолжуваат да измислуваат санкции кои, во најголем дел, им штетат на нивните граѓани.

Се чини дека санкциите ќе продолжат, а со тоа и поскапувањето на се. Неодамна, во интервју за руските медиуми Емелијаненко ги коментираше санкциите и рече дека без Русија сме за никаде.

„Слоганот секогаш е „спортот е надвор од политиката“, но спортот најмногу е погоден од политиката.

Се надеваме дека земјите кои се обидуваат да ни стават клинец во тркалата, сепак ќе се вразумат.

Тие ќе разберат дека без Русија не можат да стигнат никаде“, изјави Емелијаненко за Окко студиос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО