Марко Тодоров ќе се бори за златото во К-1 на Европскиот куп Србија опен (ФОТО)

Марко Тодоров (-54 кг) од КБК Шампион победи со прекин во втората рунда против Игор Павловиќ од КБК Соко Уб – Србија на Европксиот куп Србија опен во Белград во К-1 и за златниот медал во кадетска конкуренција ќе се бори против Шаип Идиќ од КБК Земун од Србија.

Никола Бубевски (-81 кг, К-1) од Енерџи изгуби на поени од Алберт Угринчиќ од Илиџа од Босна и Херцеговина, додека Дарко Најдов (-67 кг, К-1) од Гладијатор – Скопје е поразен на поени од Томислав Милиќ од Спартанац – Житиште, Србија. И двајцата настапија во младинска конкуренција.

Бобан Илиоски и Викторија Варадинова имаа обезбедно најмалку борнзи.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON