АктуелноКаратеПремиер лига

Марко Џорлев херојски до бронзениот медал на Карате 1 Младинската лига

Марко Џорлев херојски до бронзениот медал на Карате 1 Младинската лига во Пореч, Хрватска. Џорлев извојува две победи во прелиминарниот дел и пораз, а потоа во репасажот нанижа три победи.

Ова е добар успех за кадетот Џорлев, бидејќи до медалот дојде со победи над тешки противници.

Ова е втора бронза за Македонија по онаа на Љупчо Михајлов во У-21.

Преостануваат настапите уште во У-14.

На Младинската лига настапуваат 3225 каратисти со 3262 натпреварувачки влезови од 78 држави.

„Уште една бронза во Пореч – кадетот Марко Џорлев. Две бронзи и тоа и двете од КК Штип. Повторно се докажа резултатски дека КК Штип е најдобриот клуб во нашата држава. Да не заборавиме КК ШТИП во сениорски план е тешко достижен по најголем број освоени медали на официјални сениорски, светски и европски првенства. Денес Штип слави“, вели тренерот Сашко Арсовски.

Тој вели дела е голема штета е што моменталната состојба на КФМ е катастрофална со нарушени меѓучовечки односи, резултатски на најдолно ниво, благодарение на лошото менаџирање на раководството години наназад.

Но, сепак, КК Штип под раководство на браќата Арсовски ја надминуваат лошата клима во КФМ со високи резултати во карате спортот.

Карате 1 Младинска лига:

Кадети
-61 кг
Мила Николова – Сара Маиело (Италија) 6-4
Мила Николова – Никола Сцуба (Полска) 0-1

-63 кг
Марко Џорлев – Филип Комарац (Хрватска) 4-0
Марко Џорлев – Самуел Дисалво (Белгија) 4-0
Марко Џорлев – Мартин Енев (Чешка) 0-8
Репасаж
Марко Џорлев – Тарас Завидловски (Украина) 5-3
Марко Џорлев – Асим Малсагов (Греманија) 0-0
За бронза
Марко Џорлев – Лев Дијаченко (Украина) 5-3

Албин Али – Давид Ковал (Словачка) 2-1

+70
Гордан Божовиќ – Парса Сајади (Канада) 0-6
Џем Пашов – Фил Курц (Германија) 0-3

У-14
-45 кг Матеј Крстовски
-50 кг Кирил Цветковски
-55 кг Михаил Влејановски
+55 кг Немања Младеновиќ
+55 кг Меритон Зејнели

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON