АктуелноКаратеПремиер лига

Бронзен медал за Љупчо Михајлов на Карате 1 Младинската лига во Пореч

Каратистот на КК Штип Љупчо Михајлов освои бронзен медал на Карате 1 Младинската лига во Пореч, Хрватска, во У-21.

Михајлов забележа пет победи и еден пораз, за малку фалеше да се бори за златниот медал.

Љупче уште еднаш го потврди својот квалитет и навести успешна сезона.

„Михајлов доживеа минимален пораз од светскиот и европски младински шампион Пицул од Украина со 4-6, при што Љупче на двапати имаше водство. Сепак, ова е огромен резултат. Продолжуваме со трасирање на нашиот пат, а тоа е медал од европско и светско првенство. Јас и брат ми (Жарко Арсовски) сме презадоволни од настапот на Љупче. Одлични борби покажа и Мила Панчева, една победа над каратистката од Молдавија и еден пораз од натпреварувачка од Италија на судиско изгласување при резултат 0-0“, вели тренерот Сашко Арсовски

Данило Божовиќ беше на чекор до медалот, но за малку не успеа.

На Младинската лига настапуваат 3225 каратисти со 3262 натпреварувачки влезови од 78 држави.

Карате 1 Младинската лига:

У-21
-55 кг
Рудина Алиу – Кијара Ду Доменико (Италија) 3-8

Мила Панчева – Елена Березовскаја (Молдавија) 3-1
Мила Панчева – Ноеми Скелрадни (Италија) 0-0

-61 кг
Јована Мицовска – Сара Шријељ (Австраија) 0-0
Јована Мицовска – Ника Бешлија (Хрватска) 1-5

-60 кг
Недим Шаќири – Ловро Маслов (Хрватска) 0-4

-75 кг
Љупчо Мијахлов – Неик ван дер Веиде (Холадија) 5-2
Љупчо Мијахлов –Ондреј Шталковски (Чешка) 8-0
Љупчо Мијахлов – Микита Хирошенко (Австрија) 4-1
Љупчо Мијахлов – Лукаш Банковски (Полска) 1-0
Полуфонале
Љупчо Мијахлов – Херохи Пицул (Украина) 4-6
За бронза
Љупчо Мијахлов – Васил Пирчак (Словачка) 3-0

Реџеп Рушити – Мартин Цијаку (Словачка) 0-2

+84 кг
Данило Божовиќ – Артем Алексенко (Украина) 5-1
Данило Божовиќ – Никола Секот (Германија) 0-3
Репасаж
Данило Божовиќ – Јонатан Рисцилиони  (Италија) 1-0
Данило Божовиќ – Наитхам Рами (Франција) 3-2
За бронза
Данило Божовиќ – Ајберк Ај (Турција) 2-5

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON