Марко Авармовски дебитираше на Светското јуниорско првенство со пораз

Марко Аврамовски (-55 кг) прв стартуваше на Светското јуниорско првенство во таеквондо во Хамамет, Тунис. Аврмовски во првото коло се сретна со Хрватот Кевин Чешлјар од кого беше поразен 14-9.

Во оваа категорија имаше 67 натпреварувачи, а противникот на Марко беше 4-рангиран, додека нашиот натпреварувач на 61 место на светската ранг листа.

Првото место го освои Грегори Попов од Русија кој во финалето го совлада Гркот Геориус Јоану, а бронзените медали и припаднаа на Богдан Булат од Србија и Заид Карем од Јордан.

Утре настапуваат Филип Стаменов (-59 кг) и Ива Поповска (-55 кг).

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON