Џошуа до Вајлдер: Престани да се жалиш и прифти ја понудата

Според ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО шампионот Ентони Џошуа (21-0, 20 KO), тој е целосно фокусиран на борбата со ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер (40-0, 39 KO).

Минатиот месец победи со судиски одлука на средбата со Џозеф Паркер, освојувајќи/обединувајќи 4 од титулите во тешка категорија пред околу 80.000 публика.

Исто така, минатиот месец, Вајлдер успеа да се справи, иако имаше мали потешкотии, со Кубанецот Луис Ортиз, кој дотогаш беше непоразен. По неколку пречки, Вајлдер успеа да го собори противникот два пати во 10-тата рунда.

Се очекува дека двајцата непоразени шампиони да се сретнат за големата титула, односно апсолутната превласт во тешка категорија.

Вајлдер верува дека Џошуа и неговиот тим бегаат од оваа идеја.

Според промоторот на Џошуа, Еди Херн, нивната следна битка ќе биде или против Вајлдер, или против кандидатот за ВБА и ВБО титулите, Александар Поветкин.

Неодамна Светската боксерска асоцијација побара од Џошуа да ја брани титулата против Поветкин, кој истата ноќ го нокаутира Дејвид Прајс.

Џошуа открива дека средбата со Вајлдер е приоритет за него.

„Нема сомнение дека ја сакам таа борба“.

„Сакам да бидам единствениот шампион во тешка категорија. Освоив 4 титули во 21 средба, а и тој прилично јасно објави дека сака да се бори со мене. Сега, откако веќе ги поседувам сите останати титули, подготвен сум да му дадам 100 проценти од моето внимание“.

„Очекувавме предлог. И ние ќе ми испратиме еден, многу добар. Таков, кој ќе му привлече внимание. Се надеваме дека тогап ќе престане со прикаските и конечно ќе дејствува“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО