Марк Хант има мерак пак да се бори во Јапонија

Поранешниот борец во тешка категорија на УФЦ, Марк Хант, има 46 години, но тоа нема да го спречува да се бори. Во последните години имаше многу проблеми со шефовите во УФЦ и ја тужеше организацијата. „Супер Самоанецот“ го исполни договорот со нив до крајот на 2018 година и реши да ги напушти. Помина осум години со нив, притоа беше вклучен во големи судири во тешки времиња.

Марк дури се бореше и за привремената титула во категоријата, но загуби од Фабрицио Вердум. Она што најмногу го изнервира е тоа што неколку негови борби се покажаа како неуспешни, бидејќи неговите ривали беа позитивни на допинг тетсовите. Хант е во серија од три последователни порази и сега е среќен што нема да мора да се бори во УФЦ. Сега бара други организации и сонува да се врати во Јапонија, каде што направи име во боречките вештини

„Ќе заработам пари и нема да се борам против компанијата или луѓето со кои работам. Едноставно, ќе има битки. Што сакам да направам? Сè уште тропам, да бидам искрен, сепак се чувствувам како да сум еден од најдобрите борци, дури и на 46 години. Се чувствувам како да имам повеќе да понудам, но мило ми е што не мора да го дадам сето тоа на УФЦ. Можам да го дадам некаде на друго место.

Единствената добра работа во врска со современиот гладијатор е што повеќето од нас си одат дома. Ја сакам Јапонија. Тоа е една од моите омилени земји во кои сакам да се натпреварувам. Отсекогаш сум се сметал за Јапонец, роден на друго место. Се натпреварував 10 години во Јапонија и се надевам дека еден ден ќе се вратам таму“, изјави Хант.

https://www.instagram.com/p/B_Jw_euJqPc/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО