Мариуш Вах: Кличко ќе му одржи лекција по смирување на Фјури! (ВИДЕО)

fjuri klicko pozz

Поранешниот противник на Владимир Кличко, Полјакот Мариуш Вах, го кажа очекувањата за претстојниот натпревар на светскиот шампион со Британецот, Тајсон Фјури. Полскиот боксер, кој му помага на Украинецот во подготовките, како спаринг партнер, беше лаконски, но крајно јасен што ќе видат гледачите на 24 октомври во Германија.

 „Владимир Кличко ќе му одржи лекцијс на Тајсон Фјури по смирување. Сметам дека овој меч ќе заврши доста пред крајот“, изјави Вах за Boxer.org.

Повод за неговата изјава, без сомнение, се гласните закани на Фјури дека „ќе му го смачка лицето“ на Кличко . „Владимир, ти си многу стар и многу здодевен. Во ноќта го гледам твоето повредено лице и ми се сакам да го мавам … За мене не се важни титулите ниту парите – за мене е поважно да ти ја скршам муцаката“, се искикоти Фјури на прес-конференцијата кон крајот на минатиот месец во Дизелдорф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО