Дејвид Хеј: Вајлдер удира посилно од Кличко!

Dejvid Hej i Vajlder

Поранешниот светски шампион во две тежински категории, Дејвид Хеј, ја спореди силата на ударите на светските шампиони во супер тешка категорија, Дионтеј Вајлдер и Владимир Кличко.

„Според мене, Вајлдер е еден од најспектакуларните боксери во супер тешка категорија на планетата. Неговиот баланс зборува сам за себе. Тој бил неколку пати во мојот камп за обука, ми помагал да се подготвувам за борбите. Категорично можам да констатирам, дека тој удира посилно од Владимир Кличко“, изјави Хеј во интервју за ESNEWS.

„Моќта на ударите на Дионтеј е навистина шокантна. Кличко не ме потресе така, како Вајлдер за време на спарингот“, додаде Британецот.

https://youtu.be/DDWQHUetgfU

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО