Марио Свинарски остана без бронзен медал на Светското првенство поради судиите

Марио Свинарски  на судиско изјаснување при резултат 0-0 го загуби бронзениот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Тенерифе, Шпанија.

Свинарски во првото коло забележа победа, а во второто загуби исто така со судиско изјаснување, но затоа Марио беше одличен во репасажот и доби две борби, со што се избори да се бори медал. На крај Свинарски е петопласиран на Светското првенство.

Ова е второ пето место по она кадетско-јуниорскиот ката-тим (мажи) и едно девето Симона Симовска. Останува да се надеваме дека некој од картистите во У-21 ќе освои  медал за Македонија.

Резултати

Кадети борби                                  
-47 кг – 45 натпреварувачи
Марија Милева –Мариај Мирошниченко (Украина) 1-2

-52 кг – 55
Дритон Халими – Марко Михајловиќ (Србија) 0-4

-57 кг – 59
Марио Свинарски – Мартин Златев (Бугарија) 1-0
Марио Свинарски – Радмир Насиров (Русија) 0-0 (со судиско изјаснување)

Репасаж
Марио Свинарски – Матијас Никопулос (САД) 6-0
Марио Свинарски – Матија Циралони (Италија) 1-0

За борнза
Марио Свинарски – Алиреза Фарајикухихели (Иран) 0-0 (со судиско изјаснување)

  -63 кг – 51
Христијан Стојановски – Кристијан Георге (Романија) 3-0
Христијан Стојановски – Саба Манија (Грузија) 3-3 (прв освоен поен)
Христијан Стојановски – Матвеј Глишчински (Русија) 1-2

-70 кг – 46
Иво Мишачковски – Симон Мовсисјан (Ерменија) 2-0
Иво Мишачковски – Џозеф Хорило Кристи (Ангалија) 3-0
Иво Мишачковски – Намиг Гулијев (Азарбејџан) 0-3

У-21 борби
-55 кг – 45
Моника Пендаровска – Гизем Бугур (Германија) 1-0
Моника Пендаровска – Ирина Шарихина (Белорусија) 0-3

-61 кг – 49
Вероника Костовска – Асел Алнаими (Јордан) 8-0
Вероника Костовска – Мелика Ахади (Иран) 4-5

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО