Марио Балотели се запали за мај тај

Марио Балотели, поранешната фудбалска ѕвезда во Премиер лигата, повторно предизвикува бурни реакции на социјалните мрежи. Освен кариерата во професионалниот фудбал, 33-годишниот италијански напаѓач изгледа откри и нова страст – мај тај.

Балотели неодамна објави видеа на социјалните мрежи на кои се гледа како тренира во сала за мај тај. Видеата беа придружени со лежерниот натпис: „Смешен спаринг“. Во друго видео, Балотели неочекувано ја означува легендата на УФЦ, Израел Адесања.

Ова може да се сфати како предизвик за 34-годишниот борец. Адесања е познат како еден од најдобрите борци на сите времиња во УФЦ. Тој беше шампион во средна категорија помеѓу 2019 и 2022 година.

Израел ја врати титулата во април 2023 година победувајќи го Алекс Переира. Во септември 2023 година ја загуби титулата од Шон Стрикленд. Адесања сега се подготвува за борба со шампионот Дрикус Ду Плесис во август во Австралија.

Балотели е познат по својот темпераментен карактер. Редовно беше во вестите во минатото за контроверзни дејствија како што се палење огномет во неговата куќа и соблекувалната. Не е понзато дали интересот на Балотели за мај тај е сериозен или само еднократна шега.

Балотели знае како да го сврти вниманието кон себе и на фудбалскиот терен и надвор од него.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО