Џервонта Дејвис си најде противник за декември

Се чини дека Џервонта Дејвис (30-0) ќе се врати во декември, како што претходно се предвидуваше, бидејќи денес се појавија голем број извештаи дека тој веќе пронашол противник, Ламонт Роуч (25-1-1).

Тоа ќе биде втора шанса за светска титула за 29-годишниот Американец, кој во ноември 2019 година со одлука на судиите ја загуби пресметката со Џамел Херинг (24-5), кога двајцата се бореа за појасот во „супер пердувот“ на ВБО.

„Тенк“ сега ќе ја заложи титула во лесна категорија на ВБА, откако во јуни ја одбрани со нокаут во 8 рунда против Френк Мартин (18-1).

Пресметката меѓу нив ќе биде на 21 декември во Лас Вегас, каде ќе видиме уште една борба меѓу Дејвид Бенавидез (29-0) и Џеси Харт (31-3) во полутешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО