Маријана и Мишела Димоски неприкосновени – злато и сребро на Националното првенство на Австралија, на тимот се придружи и Киријана Камческа

Денеска Маријана Димоска го освои златниот сестра и Мишела сребрениот медал на Националното карате првенство на Австралија во У-21. Сестрите близначки ги пороменија позициите од ланското првенство. Утре се натпреваруваат во сениорска конкуренција.

Сепак, поголемата вест е дека во Австралија стигна третиот член на ката тимот, Киријана Камческа, кој е светски вице шампион и бронзен на Европското првенство, а многу пати балкански јуниорски и сениорски шампиони.

Според тренерот Златко Димоски, Киријана ќе живее во Австралија со нив, така што ќе може секојдневно да тренираат.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО