БОМБА: Нејт Дијаз се варќа на УФЦ 230!

Каква ММА бомба слета вечерва во македонско време, а ја објави „Лос Анџелес тајм“. Еден од најпопуларните борци во ММА светот, Нејт Дијаз, се враќа во акција.

Дијаз би требало да се бори на 3 ноември на УФЦ 230 и тоа против Дастин Пориер. Станува збор за настанот што ќе се одрже во легендарната њујоршка сала Медисон сквер гарден.

Се очекува оваа вест да биде потврдена на денешната голема прес-конференција, која УФЦ ќе ја одржи во Лос Анџелес. Откако информацијата беше објавена од страна на споменатиот медиум, сите останати американски истакнати портали за боречки вештини ја пренесоа како сигурна.

Дијаз (19-11) не се борел од УФЦ 202 кога загуби со мнозинска одлука на судиите од Конор Мек Грегор. Тој меч се случи на 20 август 2016 година. Тогаш борецот од Стоктон заработи неколку милиони долари, па одлучи некое време да оди „на одмор“ и да чека нова шанса за голем профит.

Бидејќи пропаднаа сите обиди за организирање на третиот меч против популарниот Ирец, очигледно е дека Дијаз се одлучил за друга опција – Дастин Пориер.

Го гледавме во акција минатиот викенд во Калгари, кога го победи Еди Алварез со прекин во втората рунда. Во моментов има 24-5 и спрема се судејќи треба да биде првиот легитимен предизвикувач во лесна категорија.

Пориер во четвртокот на социјалните мрежи објави само икона на среќен човек, со што ги најави денешните големи вести!

Стилски, ова е безсјаен меч, кој сигурно ќе ги оправда големите очекувања што ќе бидат поставени пред него. И двајцата овие борци се „борци“ кои обожуваа размена на удари, што го прави мечот полн погодок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО