Марат Григорјан против Ситичаи 6 во ОНЕ 165

Легендите на кик боксот Марат Григорјан и Ситичаи ќе се борат по 6-ти пат.

Двајцата ќе се борат во борба во перо категорија. Нивната средба ќе се одржи на настанот ОНЕ 165 на крајот на месецот во Јапонија. Во минатото веќе видовме 5 борби меѓу нив, при што Ситичаи победи 4 пати, а Григорјан само еднаш.

Григорјан има скор 66-13-1-1 во кикб окс и има победено на 2 од 5 борби во ОНЕ. Тој доби 7 од неговите последни 9 борби во рингот. Марат е поранешен шампион во лесна категорија на Глори. Григорјан победи во 34 борби со нокаут. Иа повеќе титули во рингот и се бореше со едни од најдобрите во светот.

Ситичаи има скор 128-34-5 во кик бокс и победил во 5 од 8 борби за ОНЕ. Тој е и поранешен шампион во лесна категорија на Глори. Ситичаи во 39 борби славеше со нокаут и победи во 16 од последните 20 борби во рингот. Тој е кикбоксер со многу одличја и се борел со најдобрите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by k1ckboxingnews (@k1ckboxingnews)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО