Мануел Чар е новиот тешкашки владател на ВБА (ВИДЕО)

Германскиот боксер Мануел Чар е новиот шампион во тешка категорија на ВБА. Тој го победи Александар Устинов на рингот во Оберхаузен (Германија), со што му го нанесе вториот пораз во кариерата. 

https://www.facebook.com/officialmanuelcharr/videos/2279423468750669/

Устинов одлично се биреше во првите две рунди, но потоа Чар го презеде водството и го контролира на мечот, притоа неговите удари беа попрецизни. Во седмата, Чар го стресе Устинов, но Русинот преживеа и тргна во офанзива.

Во осмата рунда Чар успеа да го собори Русинот, но гонгот означи крај и не ја заврши борбата. До крајот мечот помина во мирно темпо, а на крај судиите едногласно му ја дадоа победата на Чар 115-111, 116-111 и 115-112.

https://youtu.be/tm4Tm0OAl-c

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО