Мани Пакијао (Филипини) потврди дека ќе се враќа во рингот, а негов противкандидат ќе биде Американецот Џеси Варгас (27 победи, 10 со нокаут и 1 пораз).
Мечот е на 5 ноември и ќе се одржи во Лас Вегас или Дубаи. Поранешниот светски шампион се имаше зарекнатодека конечно ги закачува ракавиците на клин и се оддава на политичката кариера. Тој ја промени својата одлука само за неколку месеци откако се откажа.
„Пензионирање не се добива кај Мани“, коментира менаџерот на боксерот Мајкл Конц.
Варгас ја освои светската титула во полусредна категорија во поселдниот меч. Тој во март го победи Садам Али. Единствениот пораз во кариерата на Американецот е од Тимоти Бредли.
Другите варијанти за ривал на Пакијао беа Теренс Крафорд и Адриен Брунер.