Пропадна мечот меѓу Утсинов и Ортиз

Ortiz ustinov

Пропадна мечот за привремената титула на Светската боксерска асоцијација (ВБА) во тешка категорија меѓу Александар Устинов (Русија) и Луис Ортиз (Куба).

Средбата требаше да се одржи на 17 септември и да биде дел од галавечерта на која главна е борбата меѓу Сол Алварез-Канело и Лиам Смит.

Според менаџерот на Русинот, Владимир Хрјунов, проблемот е кај Кубинецот. Се откажал од средбата и покрај потпишаниот договор.

Светската боксерска асоцијација закажа тендер за натпреварот помеѓу Ортиз и Устинов. Промоторите може да ги достават понудите за организирање на средбата до 15 август. Минималната почетна сума е 600.000 долари.

Ортиз нема пораз во кариерата. Тој е со биланс од 25 победи (22 со нокаут). Единствениот пораз на Устинов е од Кубрат Пулев. Русинот е со 33 победи (24 со нокаут).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО