Во Рио боксерските судии под строга контрола по обвинувањата за местење

Boks sudii vo RIO

Судиите и судиските контролори на боксерскиот турнир во Рио де Жанеиро ќе бидат подложени на сериозна контрола.

Тие ќе бидат ограничени од надворешна контрола и ќе имаат сериозни рестрикции во однос на комуникациите. Мерките се носат по серијата написи за можни манипулации од страна на судискиот апарат.

Ќе бидат целосно ограничени контактите на судиите со претставници на медиуми. Истото важи и за техничките лица кои имаатувид во изборот на арбитрите за индивидуалните мечеви.

До последен момент се чуваат во тајност имињата на избраните судии во Рио де Жанеиро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО