Мани Пакијао се чувствува како да има 28 години, сака златен олимписки медал

Филипините испратија „специјално барање“ до Меѓународниот олимписки комитет да му дозволи на боксерот Мани Пакијао да учествува на Олимписките игри во Париз во 2024 година, бидејќи спортистот ја надмина старосната граница, пренесе АФП.

Пакијао (44) се повлече од професионалниот бокс во 2021 година, откако неуспешно се обиде да стане претседател на Филипините. Возрасната граница во боксот е 40 години. Претседателот на Олимпискиот комитет на Филипините, Абрахам Толентино, изјави за агенцијата дека пред две недели испратил писмо до МОК за да побара посебно изземање за Пакијао.

Универзалните места се резервирани за спортисти од земји кои имаат потешкотии да учествуваат на Олимпијадата преку вообичаените квалификации. МОК објави дека има девет такви места за бокс во Париз – пет за жени и четири за мажи.

Имињата на боксерите кои ќе добијат посебен статус ќе бидат објавени на 7 јуни 2024 година. „Тој е во добра физичка форма, подобар од другите спортисти“, увери Толентино, опишувајќи го Пакијао како „икона на боксот“.

Борбата во Париз ќе му овозможи на спортистот да оствари еден од соништата на неговиот живот – да освои златен олимписки медал, се довери самиот Мани Пакијао. Има повеќе светски титули во шест различни категории, но никогаш не се натпреварувал на Олимписките игри. Филипинецот увери дека „се чувствува 30 или 28 години“.

Мани Пакијао се надева дека следниот месец ќе учествува на егзибициони натпревари во Јапонија и Тајланд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО