Мани Пакијао го потврди противникот за следниот меч

Mani Pakijao i Coto

Како што се претпоставуваше, Мани Пакијао (06-02-58, 38 КО) не остана долго во пензија. Тој потврди дека се враќа за меч со ВБО шампионот во велтер категорија, Џеси Варгас во ноември

37-годишниот сенатор на Филипините повторно ќе ги навлече ракавиците и ќе се бори за светската титула.

„Да, борбата е договорено. Ја договоривме борбата за 5 ноември, против сегашниот ВБО првак во полусредна категорија Џеси Варгас. Боксот е мојата страст. Ми недостасуваше она што го работев во салата и во рингот“, се вели во соопштението Пакијао.

По победата со едногласна судиска одлука во третиот меч против Тимоти Бредли во април, Филипинецот рече дека се повлекува за да се концентрира на политичката кариера.

„Боксот е мојот главен извор на приходи. Не можам да се потпрам на платата на јавен службеник. Му помагам на семејството на сопругата, исто така и на мојата фамилија. Многу луѓе доаѓаат и ме молат за помош и, едноставно, не можам да ги игнорирам“.

27-годишниот Американец Варгас (27-1, 10 КО) слободната титулата ја освои во последната борба во март, победувајќи со технички нокаут Садам Али. Единствениот пораз го претрпе од Тимоти Бредли со судиска одлука минатата година. Тој е поранешен ВБА и ИБО првак во полусредна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО